09 август 2023

Превентивни активности на СВР Штип за заштита од пожари


Денеска (09.08.) од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Пробиштип, при СВР Штип, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“ беше спроведена превентивна активност под мотото „Лето без пожари“. Активноста беше реализирана на подрачјето на општина Пробиштип, и при тоа полициските службеници во разговор со граѓаните укажуваа на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд. Потоа стана збор за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана во шумски појас.

Исто така, вчера (08.08.) и полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Делчево реализираа превентивни активности во делот на заштитата од пожари и тоа на повеќе локации во Делчево и во населбата Ново Делчево. За време на активностите беше апелирано до граѓаните за поголема будност и одговорност во заштитата на јавното добро – шумскиот фонд.