Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, како дел од годишната програма за работа денеска (08.08.) на наплатна рампа „Глумово“ беше реализирана превентивна активност како дел од кампањата за заштита на шумите од пожари. Притоа, во непосредни разговори со возачите и патниците, беше укажувано за внимателност и одговорност, особено да не се фрлаат отпушоци или друг вид отпад при возење покрај патиштата. Истовремено, на граѓаните им беше делен и печатен едукативен материјал со информативна содржина, а со цел подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот, пред се на автопатиштата и регионалните патни правци, за внимателност при патување во подрачја каде што има шуми или сува трева и ризиците од предизвикување пожари.
Исто така, на подрачје на селата Петровец и Арачиново од страна на полициски службеници од Полициските одделенија Петровец и Арачиново, беа спроведени превентивни активности во поглед на превенција и заштита од пожари во летниот период. Воедно и во таа прилика беа делени летоци, изработени во соработка со ЈП„Национални шуми“ со едукативна содржина за граѓаните, а беа поставувани иинформативни плакати на видни места и објекти каде има голема фреквенција на движење на граѓани во насока на подигнување на свеста кај граѓаните додека патуваат со своите моторни возила или се движат во предели каде има шуми и сува трева да не фрлат запаливи предмети и отпадоци , со цел да не се предизвика пожар во шумите а во интерес на општа безбедност на заедница .