07 август 2023

Превентивна активност на СВР Велес за заштита од пожари


Денеска (07.08.) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција Велес во содејство со претставници на ЈП „Национални шуми“, подружница „Бабуна“ Велес, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, беше спроведена превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“.
Активноста е спроведена на подрачјето на селата: Башино Село, Отовица, Сујаклари, Кумарино, Мамутчево и Иванковци како и на повеќе патни правци во Велешко. При превентивната активност во разговор со граѓаните, од страна на полициските службеници беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, и како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана за движење во шумски појаси.
Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, а во насока на елиминирање на ризиците за настанување на шумски пожари.