Вчера (04.08) Отсекот за превенција при СВР Велес во содејство со полициски службеници од Полициската станица Неготино, како и претставници на родители, на локалните власти и институции и во присуство на градоначалникот на овој град, во Неготино реализираа обиколка на таканаречените „соседски патроли“. Активност која што е фокусирана на превенција на разните девијантни појави меѓу младата популација (основци и средношколци). Притоа беа посетени угостителските објекти, паркови и други места каде во ноќните часови се собираат и задржуваат младите. Целта на активноста е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос помеѓу полицијата и граѓаните и зголемување на нивото на безбедност во градот вклучително и меѓу најмладата популација. На затекнатите граѓани им беа поделени печатени летоци со соодветна содржина изработени од Отсекот за превенција при СВР-Велес.