Вчера (02.08.) полициските службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Деве Баир“ при Регионалниот центар за гранични работи „Исток“, во село Трново, реализираа превентивна активност на тема - „Заштита од пожари “. Полициските службеници во непосредни разговори со жителите од Трново , како и со посетители на месноста „Трновско кале“ укажуваа за неопходноста од почитување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, како и за честите причини и сериозни последици од пожарите на отворен простор. Исто така на граѓаните им беа делени едукативно информативни летоци, изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“ околу превенцијата и заштитата од шумски пожари во летниот период. И полициски службеници од РЦ за ГР Исток, на подрачјето на Полициска станица за граничен надзор Пехчево, на патот од Беровско езеро кон Клепало, вчера реализираа превентивна активност, каде во непосредни средби со граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина и им беше укажувано за почитување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, за внимателност особено при користење на цигари во шумски средини. Покрај ова, вчера и на Граничниот премин „Деве Баир“ беше спроведена превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото - „Вози одморен, вози одговорно“. Од страна на полициските службеници на возачите на моторни возила кои пристигнуваат на граничниот премин „Деве Баир “, им беше сугерирано за опасностите од долготрајното возење и потребата за одмор, што е особено важно за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи заради безбедност на сите учесници во сообраќајот, и дополнително на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина, како и шишиња со вода