Вчера (02.08.2023) полициски службеници од ОВР Крива Паланка, во селата Метежево, Огут, Нерав, Трново, кривопаланчко, реализираа превентивно едукативна активност во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.
Под мотото „Лето без пожари“, полициските службеници во непосреден контакт со жителите на наведените места укажуваа на најчестите причини и ризици за предизвикување на пожари, но и за начините за нивно превенирање преку соработка со полицијата и со другите надлежни институции.
Во насока на елиминирање на потенцијалните опасности од пожари и поквалитетна едукација, на граѓаните им беа делени печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со ЈП „Национални шуми“.