01 август 2023

Превентивни активности на СВР Скопје за заштита од пожари

 Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје денеска (01.08.) во непосредна близина на наплатна рампа „Глумово“ беа спроведени превентивни акивности согласно коцептот за превенција и заштита на шумите од пожари. Покрај непосредните разговори и совети до возачите и патниците, полициските службеници делеа печатени едукативни материјали со едукативна содржина, а со цел подигнување на свеста кај учесниците во сообраќајот, пред се на автопатиштата и регионалните патни правци, за внимателност и одговорност при патување во подрачја каде што има шуми или сува трева. Особено во поглед на фрлањето запаливи предмети, отпушоци или палење оган покрај патот. Исто така и вчера (31.07.) Одделението за превенција при СВР Скопје во општина Сопиште реализираше превентивни активности во насока на заштита и превенција од шумски пожари во летниот период. Притоа на неколку локации во општината, дел кои водат кон излетничко-рекреативни локалитети, полициските службеници укажуваа на неопходноста од совесно однесување и заштита на шумскиот фонд како јавно, заедничко добро. И во таа прилика на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали изработени во соработка со ЈП „Национални Шуми“, со информативни содржини во насока на подетално запознавање и превенција на ризиците од шумски пожари.