На 29.07.2023 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово на граничниот премин „Пелинце“, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото „Вози одморен“.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнуваа на граничниот премин „Пелинце“, им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, како и за потребата од паузи на подолги дестинации, консумирање на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени шишиња со вода за освежување.