26 јули 2023

Во Берово активности за заштита на шумите од пожари, во Делчево на тема сообраќајна безбедност

Денеска (26.07.) на подрачјето на Берово, вклучително и реонот околу Беровското езеро, од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово беше реализирана превентивно-едукативна акција за заштита на шумите и отворените простори од пожари. На граѓаните им беше укажувано за забраната за движење во шумските предели како и за забраната за палење на оган на отоврен простор, а особено беше нагласена потребата од внимателност при фрлање на отпушоци од цигари, а се со цел превенција од предизвикување на пожари. Во текот на активноста беа поделени печатени материјали, изработени во соработка со ЈП Национални шуми со едукативна содржина за превенција од пожари во летниот период.

Инаку, вчера (25.07.2023) и Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Делчево заедно со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај на локации на улиците „Булевар Македонија“ и „Кеј на Ослободување“ во Делчево реализираа превентивна активностод областа на безбезбедноста во сообраќајот. Полициските службеници под мотото „Вози одговорно“ и „Стави појас“ апелираа до возачите за стриктно почитување на сообраќајните правила и прописи, информирајќи ги за последиците од непочитувањето на истите, како и за законските санкции по основ на непочитување на прописите.