Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје – како дел од годишната програма за работа, вчера (25.07.2023) согласно оперативниот планот „Безбедно лето 2023“ беше организирана средба од областа на превенцијата со претставници и сопственици на угостителски објекти на подрачјето на Сарај.
Во координација со полициските службеници од Полициското одделение Сарај на средбите стана збор за проблематиката за употреба на оружје при прослави и веселеби, како од аспект на почитување на Законот за јавен ред и мир, така и од аспект на сериозноста на штетите и последиците од оваа појава по граѓаните.
Исто така, стана збор и за опасноста од користењето и организирањето непријавени огномети и други пиротехнички средства при свадби и други видови прослави, како уште една потенцијално опасна појава што дополнително го загрозува и јавниот ред и мир. Целта на средбата беше да се воспостават потесни и контакти и соработка со полицијата во насока на превенирање на овие појави и нивно благовремено пријавување. а во интерес на безбедноста на целата заедница во општината.