Во текот на изминатиот викенд на граничниот премин „Табановце“ полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото „Вози одморен“.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила при влез и излез на граничниот премин „Табановце“, им беше укажувано за влијанието на заморот, односно за последиците од сообраќајните незгоди предизвикани од замор, па следствено на тоа и за неопходноста од пауза и консумирање на повеќе течности, особено во овој период на годината кога темепратурите се можне високи а пак фреквентноста на магистралните патиштата е зголемен.а Исто така полициските службеници апелираа и на доследното почитување на сообраќајните правила и прописи како основен предуслов за безбедност на сообраќајот. Покрај ова, полициските службеници на возачите и патниците им делеа и шишиња со вода за освежување.