23 јули 2023

Превентивни активност под мотото „Лето без пожари“ на подрачјето на СВР Велес


Во текот на вчерашниот ден како и денеска (22/23.07.2023) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес и Одделението за внатрешни работи Кавадарци, во содејство со представници од ЈП Национални шуми - подрачна единица „Бор“ Кавадарци, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, беа спроведени превентивни активност под мотото - „Лето без пожари“.

Активностите беа спроведена на повеќе локации односно на рекреативно излетнички места во кавадаречко, како и во повеќе рурални средини, села и викенд населби во Тиквешијата. При превентивната активност во разговор со граѓаните, од страна на полициските службеници беше укажувано за потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период. Граѓаните беа информирани за најчестите причини за шумските пожари, потоа за начините како и каде да ги пријавуваат пожарите, и секако околу начините за превенција и заштита на шумите, со посебен осврт на донесената забрана за движење во шумски појаси во овој период.

Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, и за ризиците за настанување на шумски пожари.