23 јули 2023

„Соседска патрола“ – нова превентивна кампања на СВР Велес насочена на младите

Секторот за внатрешни работи Велес, на подрачје на градот Велес, синоќа (22.07.2023) ја отпочна превентивната кампања „Соседска патрола“. Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, претставници на локалната самоуправа, Локалниот совет за превенција и Општинскиот совет за превенција за детско престапништво, родители, како и Центарот за социјални работи Велес, во периодот од 21.00 до 02.00 часот, извршија превентивна обиколка на угостителските објекти, како и на местата на отворен простор каде во ноќните часови најчесто се собираат и задржуваат младите.

Целта на кампањата е родителите да видат каде и како се забавуваат нивните деца во ноќните часови, какви се условите каде што излегуваат, кои угостителски објекти и други јавни места најчесто ги посетуваат, кои се можните предизвици со кои се соочуваат и како полициските службеници практично ги применуваат своите полициски овластувања.

Целта на проектот „Соседски патроли“ е преку широка општествена акција да се зацврсти партнерскиот однос меѓу полицијата и граѓаните, да се придонесе кон зголемување на степенот на безбедноста, да се намалат можните инциденти на местата каде што се забавуваат младите. Истовремено, намерата е и да се подигне општествената свесност и совеста кај младите за одговорно однесување во угостителските објекти и на јавните места, како и доследно да почитување на законските одредби, пред сѐ од областа на Законот за прекршоци против јавниотред и мир.