22 јули 2023

„Вози одморен“ - превентивна активност на СВР Куманово

Вчера (21.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово на магистралниот пат Куманово-Скопје кај наплатната станица „Романовце“, а во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото - „Вози одморен“.

Земајќи ги во предвид и временските прилики, односно топлотниот бран со енормно високи температури, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите им укажуваа за влијанието на заморот како една од честите последици за сообраќајните незгоди, како и за потребата од паузи при патување на подолги дестинации, потоа консумирање на повеќе течности со оглед на актуелното топло време и секако почитување на сообраќајните правила и прописи. Исто така, од страна на полициските службеници на возачите им беа делени и шишиња со вода за освежување.