Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (20.07) во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, во поширокиот регион на туристичко-рекреативниот центар Велешко езеро реализираа превентивна активност под мотото - „Лето без пожари“.
Полициските службеници апелирајќи на поголема будност и одговорност во летниот период, преку непосредни разговори ги запознаа граѓани за најчестите можни причини за настанување на шумските пожари, за неопходноста од заштита на шумите како заедничка одговорност на сите, а стана збор и за законските санкции од предизвикување на шумските пожари, особено во контекст на стапувањето на сила на делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште во терминот од 06.00 до 20.00 часот.
Во рамки на активноста дополнително на граѓаните им беа поделени и едукативно-превентивни летоци, со информативни содржи од областа на заштита на шумите, изработени во соработка со ЈП Национални шуми и со телефонските броеви 112 и 192, на коишто граѓаните ќе можат да се јават и навремено да ги информираат надлежните институции, со цел заштита на шумите од пожари.