20 јули 2023

Реализирана превентивна активност на граничниот премин Табановце


На (18-19.07) во рамки на кампањата ,,Безбедно лето 2023“во делот на превенцијата, односно заштитата од топлотниот бран, полициски службеници од Полициската станица за гранична контрола и граничен надзор Табановце, при Регионалниот центар за гранични работи Север, во граничниот меѓупростор на граничниот премин Табановце реализираа превентивни активности во насока на укажување на возачите и патниците за поголема внимателност при патување поради екстремно високите температури како фактор за нивна лична безбедност но и за безбедноста во сообраќајот.

Притоа, покрај конкретните сугестии до патниците на влез и излез од државава полициските службеници делеа флаширана вода за возачите и нивните сопатници.