20 јули 2023

Реализиран работен состанок на претставниците од Одделението за превенција при СВР Скопје со сопственици на повеќе угостителски објекти.

Во рамки на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје како дел од годишната програма за работа на (19.07.) согласно планот за реализација на проектот „Безбедно лето“ во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода беше реализиран работен состанок на полициски службеници од оваа полициска станица и од Одделението за превенција при СВР Скопје со преставници и сопственици на повеќе угостителски објекти. Целта на средбите беше потребата уште еднаш да им се укаже на претставниците на угостителските објекти за законските норми што го санкционираат користењето огнено оружје при веселби и други прослави, како и изведувањето на непријавени огномети со различни видови пиротехнички средства.

Во тој контекст полициските службеници нагласија дека е неопходна потесна соработка и комуникација со полицијата а пред се заради навремено спречување на таквите појави кои што може да предизвикаат сериозни последици.