18 јули 2023

„Лето без пожари“ со посетителите на рекреативно - излетничките места и викенд населбите во кавадаречко

Вчера (17.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес, во содејство со Одделението за внатрешни работи Кавадарци, и во соработка со претставници од локалната самоуправа на Кавадарци, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, спроведоа превентивна активност под мотото „Лето без пожари“.

Активноста беше реализирана на рекреативно - излетничките места „12-те другари“, и „Моклиште“, како и во повеќе населени места во близина на Кавадрци и викенд населбите Витачево, Страгово, Страговска спирка и Мушов гроб. Притоа, во разговор со граѓаните, од страна на полициските службеници беше укажано на потребата од максимална совесност и грижа за шумскиот фонд, особено во летниот период, потоа за тоа како и каде да ги пријавуваат пожарите, односно за начините за превенција и заштита на шумите.

Целта на превентивната активност беше подигнување на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при излети и други рекреативни активности во шумите, со посебно внимание околу ризиците за настанување на шумски пожари. Воедно, во текот на средбите, на граѓаните им беа делени летоци со информативни содржини изработени во соработка со ЈП Национални шуми.