Денеска (17.07.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Демир Хисар во просториите на оваа организациона единица при СВР Битола имаа работна средба со Центарот за возила „Н-М”, со цел преземање на превентивни активности во врска со оперативниот план „Безбедно лето 2023" при што во фокусот беше функционирањето на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Демир Хисар, особено во делот на преземање на мерки околу проверката на техничката исправност на возила и взаемната соработка со Центарот во насока на постигнување побезбеден сообраќај.
Вчера, пак, полициски службеници на Одделението за внатрешни работи Ресен при СВР Битола спроведоа повеќе планирани превентивно-едукативни и информативни активности, во рамките на кои на неколку пунктови во Ресен и ресенските села на граѓаните им беа делени наменски изработени едукативни печатени материја за заштита и превенција од пожари. Притоа, со граѓаните беа споделени информации околу тоа што значат шумите како природно и економско богатство, како да се чуваат и заштитуваат од уништување, а посебно од опожарување во летниот период. На граѓаните, исто така, им беше укажано на законските импликации доколку од невнимание или намерно предизвикаат шумски пожари или неконтролирано се сечат шумите.