15 јули 2023

Реализирани едукативни активности на подрачјето на ОВР Ресен и ОВР Демир Хисар во рамки на „Безбедно лето 2023“.

Полициски службеници од ОВР Ресен пред туристите на преспанското крајбрежје реализираа едукативни активности посветени на темите- „Заштита од топлотниот бран“ и „Заштита од кражби“ како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2023“. Притоа на најфрекфентните туристички места од преспанското крајбрежје и на плажата „Сливница“ беа спроведени превентивни активности во рамки на кои на повозрасните граѓани им беа поделени печатени материјали со едукативна содржина и корисни совети за заштита од високите температури во овој период од годината.
Покрај ова во рамки на проектот „Лето без пожари“ за граѓаните и туристите во Крушево денеска полициски службеници од ОВР Крушево на подрачјето на Крушево на неколку популарни излетничките места организираа и спроведоа превентивна активност во насока од превенција од шумски пожари.
Со цел заштита од шумските пожари во летниот период, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а воедно и во непосреден разговор тие беа информирани за законските санкции од предизвикување на шумски пожари, како и за потенцијалните штети на шумскиот фонд и животната средина.
На подрачје, пак на ОВР Демир Хисар вчера (14.07) полициските службеници од Полициското одделение за безбедност во сообраќајот реализираа превентивна активност под мотото: „Слави со срце не со оружје“. Притоа, на повеќе локации во централното градско подрачје на Демир Хисар и кон излезите на градот остварени се средби со граѓани во кои се разговараше за опасноста од употребата на оружје за време на одржување прослави и веселби. Целта на оваа превентивна активност беше подигнување на свеста кај граѓаните околу можните последици од употребата на оружје на јавно место за време на одржување на веселби и секаков друг вид на манифестации. Воедно, на граѓаните им беше поделен едукативен материјал во кој се потенцирани последиците од употребата на оружје на семејни веселби, а беа информирани и за законските одредби што го санкционираат таквото однесување како и за казните кои се изрекуваат.