Денеска (14.07.2023) со почеток во 10.00 часот Одделението за превенција на подрачје на Полициската станица Бит Пазар, во Стара чаршија организираше и спроведе едукативно - превентивни активности согласно оперативниот план „Безбедно лето 2023“, во врска со кампањите „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“ и „Полицијата поблиску до граѓаните“. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали со информативна содржина, а превентивната активност има за цел да ја подобри општата безбедност, односно да ја подигне свеста кај граѓаните со цел заштита од кражби во нивните автомобили.
Дополнително, беше реализиран и работен состанок на подрачјето на Полициската станица Кисела Вода со претставници на Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Шумска полиција, Јасен - Караџица, Општина Кисела Вода и Општина Сопиште, со цел координација на активности во насока на спроведување на оперативен план „Безбедно лето 2023“. Со цел подигнување на свеста кај граѓаните предвидено е во претстојниот период да се спроведуваат средби со граѓани со цел заштита од шумските пожари во летниот период, како и информирање за законските санкции за предизвикување на шумски пожари и за потенцијални штети на шумскиот фонд и животната средина. Состанок од ваков карактер беше реализиран и на подрачјето на Полициско одделение Петровец.