13 јули 2023

Превентивна активност со угостителите на подрачје на СВР Велес

На 11/12.07.2023 година од страна на Отсекот за превенција во соработка со Одделението за полиција при СВР Велес, на подрачје на Неготино и Кавадарци беше реализирана превентивна активност во врска со оперативниот план „Безбедно лето 2023“.

Притоа беше одржан состанок со претставници на угостителски објекти на кој е разговарано за јакнењето на комуникацијата и соработката помеѓу полицијата и угостителските објекти и целосно почитување на законските одредби поврзани со забрана за присуство на малолетници после полноќ и точење на алкохол на овие лица, придржување на пропишаните норми за дозволена гласност и елиминирање на зголемена бучавост и гласна музика, целосно придржување до работното време и до другите одредби од Законот за угостителска дејност.

Основна цел на овие превентивни активности се подигање на свеста на граѓаните, зајакнување на довербата и соработката меѓу полицијата и граѓаните и градење партнерство.