Денеска (13.07.2023) полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи „Исток“, Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Делчево, на Граничниот премин „Делчево“, во рамки на оперативниот план „Безбедно лето 2023“, спроведоа превентивна активност за одговорно учество во сообраќајот под мотото „Вози одморен“.
Во непосредна комуникација со возачите на моторни возила кои пристигнуваа на граничниот премин „Делчево“, им беше укажано за влијанието на заморот, за последиците од сообраќајните нзгоди предизвикани од замор, како и за потребата од паузи на подолги дестинации, консумирање на повеќе течности, како и почитување на сообраќајните правила и прописи. Од страна на полициските службеници на возачите име беа поделени шишиња со вода за освежување.