Денеска (10.07.2023), полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп одржаа работен состанок со угостителите на подрачјето на Прилеп, во интерес на поквалитетна комуникација и соработката со полицијата, а со цел целосно почитување на законските одредби поврзани со работата на угoстителските објекти и одржувањето на јавниот ред и мир. Полициските службеници посебно ја нагласија потребата од навремено информирање кога има настан поврзан со нарушување на јавниот ред и мир со цел нивно навремено реагирање и спречување на евентуалните нарушувања.
Во рамки на оперативниот план „Безбедно лето“, криминалистичката полиција на СВР Битола реализира и други превентивни мерки и активности за поголема заштита на граѓаните од кражби и други кривични дела. Денеска (10.07.2023) во Битола, од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот, во централното градско подрачје Битола како и на Градското шеталиште и во Градскиот парк во Битола, спроведоа превентивна активност под мотото „Паркирај совесно, паркирај одговорно", со цел поголема безбедност на пешаците и велосипедистите. На граѓаните им беа поделени печатени едукативни материјали со информативни содржини во интерес на личната и генералната безбедност во сообраќајот.
На подрачјето на Ресен и ресенско, денеска полициски службеници во соработка со Национални шуми спроведоа превентивна активност под мотото „Лето без пожари“ и „Да ги чуваме шумите", посветена на превенција од шумски пожари во летниот период. Во непосредна комуникација со граѓаните на кои им беа поделени печатени едукативни материјали со што ги запознаа со неопходноста од заштита на шумите, како заедничка одговорност на сите како и на законските санкции од предизвикување на шумските пожари, како и потенцијалните штети по шумскиот фонд и животната средина.