10 јули 2023

„И јас и ти сме пешаци! Безбедноста на прво место!“ - превентивна активност на подрачје на СВР Велес

Денеска, (10.07.2023) од страна на Отсекот за превенција при СВР Велес, на подрачјето на Кавадарци беше спроведена превентивна активност на тема ,,И јас и ти сме пешаци! Безбедноста на прво место!“, во рамки на оперативниот план ,,Безбедно лето 2023 година“.

Во рамки на активноста на граѓаните на Кавадарци им беа поделени печатени едукативни материјали во насока на подигнување на безбедносната свесност и сообраќајната култура кај граѓаните, со посебен акцент на пешаците.