Денеска (08.07.2023) полициски службеници од ОВР Македонски Брод на подрачјето на населените места с.Здуње и с.Близанско, Општина Македонски Брод, реализираа превентивни активности по планот „Безбедно лето 2023“. Преку непосредна комуникација со месното население, било разговарано за опасностите од предизвикување на пожари на отворен простор. Притоа на граѓаните им е укажано за опасностите од палење стрништа и смет и предизвикување пожари, како и за законските санкции при извршување на кривичното дело.
Во централното градско подрачје на Македонски Брод, полициските службеници спроведоа превентивна активност под мотото „МВР за граѓаните“, во текот на која беше разговарано со жителите на Македонски Брод за јакнењето на довербата и меѓусебната соработка на полицијата и граѓаните, со цел побезбедна средина за живеење на сите граѓани. Притоа беа поделени и летоци со едукативна содржина.