07 јули 2023
„Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот - носи кацига“, превентивна активност во Неготино
Денеска, (07.07.2023) полициски службеници од Полициско одделение за безбедност на патниот сообраќај Неготино на повеќе локации во Неготино спроведоа превентивна активност на тема „Биди внимателен и одговорен учесник во сообраќајот - носи кацига“, насочена кон возачите на мотоцикли.
На мотоциклистите им беа поделени печатени едукативни материјали и им беше укажано на важноста превозните средства да бидат технички исправни, а возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и задолжително да носат заштитен шлем или кацига.