07 јули 2023

Во Куманово реализирани превентивни активности за правилно укажување на прва помош.

Вчера (06.07.2023) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Oпштинска организација на Црвен крст Куманово, во рамки на кампањата „Безбедно лето 2023“ во централното градско подрачје на Куманово спроведоа превентивни активности за правилно укажување на прва помош.

Имено, преку непосредна комуникација и показна вежба во која волонтерите на Црвениот крст симулираа повредени при незгоди или во сообраќајна незгода, повреди од тврд предмет или повреда од елементарни непогоди, граѓаните беа директно информирани за начинот на кој може да укажат прва помош на повредено лице.