04 јули 2023

Реализирана заедничка обука на полициските службеници од гранична полиција и од ФРОНТЕКС


На 04.07.2023 во просториите на Регионалниот центар за гранични работи „ЈУГ’ се одржа еднодневна обука за подобро препознавање на фалсификувани документи и послуга со туѓи документи.
Обуката беше организирана и спроведена од страна на претставници и експерти ангажирани од ФРОНТЕКС. На обуката земаа учество полициски службеници од граничната полиција, како и полициски службеници од ФРОНТЕКС, ангажирани во заедничката операција во Република Северна Македонија.

Со реализација на обуката се остварија следните цели:
- Потсетување околу основните заштитни елементи на документите за патување,
- Информирање околу последните трендови за фалсификувани документи и послуга со туѓи документи, и
- Надминување на предизвици преку различни практични вежби за препознавање на фалсификувани документи.