Денеска (04.07.2023) од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и ОВР Струга спроведени се превентивни активности во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2023“.
Полициските службеници во централните градски подрачја на Охрид и Струга спроведоа превентивна активност под мотото „Слави со љубов, не со оружје“, во рамки на која граѓаните беа информирани за законските одредби со кои се санкционира таквото однесување, но и за казните кои се изрекуваат.
Исто така, на граѓаните им беше укажано дека славеничкото пукање може да биде фатално и да заврши со смртни последици, тешки повреди, оштетувања на имот и др. Покрај непосредните разговори и укажувања, на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, сѐ со цел да се влијае на нивната свест.
You sent