03 јули 2023

„Безбедност на пешаците“ – превентивна активност на СВР Скопје на подрачјето на Бит Пазар

Денеска (03.07.2023) полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Бит Пазар, поточно на булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, на пешачките премини во непосредна близина на ТЦ Мавровка, спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот, а во рамки на превентивната кампања „Безбедност на пешаците“.

Притоа и на возачите, но пред сѐ на пешаците, покрај укажувањата за почитување на сообраќајните правила и прописи им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини изготвени заедно со РСБСП во насока на подигнување на безбедносната култура кај граѓаните, но и јавната свест за потребата од придржување до законските правила и прописи, а во интерес на заштита на пешаците и велосипедистите, но и на сите други учесници во сообраќајот.