03 јули 2023

Во Крушево превентивна активност со фокус на имотните деликти, во Битола за поголема безбедност на велосипедистите

Денеска (03.07.2023) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево на подрачјето на Крушево спроведоа превентивна активност под мотото „Сигурноста и безбедноста на граѓаните - наша обврска“, при што на две локации во градот се одржаа средби со граѓани, особено со оние од повозрасните категории и пензионерите, а со цел подигање на јавната свест за улогата и значењето на полицијата и начините на превенција и самозаштита, не само во поглед на имотните деликти, туку и во други области.

Така, на средбите во Градски парк и кај излетничкото место „Мечкин Камен“, граѓаните беа запознаени за начините на препознавање на имотните деликти, потоа за потребата од неопходна внимателност каде и како се движат, околу заштитата од кражби и разбојништва, како и за опасностите од предизвикување на пожари на отворен простор во летниот период кога температурите се многу високи.

Полициските службеници низ разговор им укажуваа на граѓаните дека е многу важно благовременото детектирање и пријавување на таквите ситуации.

Вчера, пак, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во Градскиот парк на шеталиштето во Битола и во централното градско подрачје на Битола спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот, при што фокус група беа велосипедистите, со посебен акценt на најмладите учесници во сообраќајот. Во рамки на оваа активност на граѓаните - велисипедистите им се укажуваше за неопходноста од почитување на сообраќајните правила, за забранетото движење по пешачки зони, а воедно се делеа и едукативни печатени материјали изработени со поддршка од РСБСП со информативни содржини за безбедноста на пешаците и велосипедистите во сообраќајот.