21 јуни 2023

Превентивна активност на РЦГР „Југ“


Вчера (20.06.2023) во просториите на РЦ за ГР „Југ“ се одржа работна средба со дел од туристичките агенции кои што најчесто сообраќаат на релација Република Северна Македонија – Република Грција и преминуваат на граничните премини „Богородица", „Меџитлија" и „Стар Дојран". Целта беше да се презентираат активностите кои ги презема МВР за периодот на летната туристичка сезона, со цел побрз проток на патници на граничните премини. На состанокот претставниците од туристичките агенции дадоа свои предлози, кои ќе бидат земени предвид, се со цел што побрз проток на патници на овие гранични премини, со вршење на сите неопходни безбедносни проверки.