Во рамките на континуираните програмски превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, денеска (19.06.) во просториите на Полициското одделение Шуто Оризари беше организирана и реализирана посета на децата од градинката „8-ми Април“ од општина Шуто Оризари .
При посетата на ПО Шуто Оризари, деца од градинката на возраст од четири до шест години имаа можност да разговараат со полициските службеници, да поставуваат прашања од нивен интерес и пред се да научат за основните задачи на полицискиот службеник, на полицаецот-сообраќаец, за важноста на оваа професија во безбедноста и сигурноста на граѓаните и особено на децата, како и за основните сообраќајни правила важни за децата од предучилишна возраст. Исто така, децата имаа прилика да видат и дел од полициската опрема неопходна во секојдневното полициско работење.