Денеска (19.06.2023) полициски службеници од Одделенијата за внатрешни работи Крушево и Прилеп во соработка со Шумската полиција, на повеќе локации на подрачје на Крушево и Прилеп организираа и спроведоа превентивни активности од областа на заштита на шумите од дрвокрадство и пожари. Притоа, под мотото „Шумите се наше најголемо богатство“, полициските службеници во неспоредна комуникација со граѓаните во рамки на низата средби говореа за важноста од превенција од бесправна сеча на шумите, како и превенција од шумските пожари во летниот период. На средбите беа посочени и казнивите законски одредби и секако штетните последици и од дрвокрадството и од шумските пожари. Покрај тоа, на граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини со кои им се укажува на потребата и важноста од зачувување и негување на шумскиот фонд.