16 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Скопје


Одделението за превенција при СВР Скопје продолжува со реализација на превентивниот проект „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“, со цел подигнување на општата безбедност и превенирање на кражби од автомобили.

Вчера (15.06), на подрачје на Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар, полициски службеници од Одделението за превенција и инспектори од Одделението за криминалистички работи Центар на поголемите паркинг простори поделија едукативни материјали и разговараа со граѓаните, на кои им беше укажано да не оставаат вредни предмети во автомобилите, кои потоа може да бидат мета на крадците.