15 јуни 2023

Превентивни активности на СВР Битола

Денеска (15.06) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Битола, реализираа превентивна активност фокусирана на возачите на мопеди, моторцикли, трицикли и четирицикли. По тој повод беше организирана средба со ченовите на мото клубот „Конзули" од Битола. На средбата им беше укажана важноста овие превозни средства да бидат технички исправни, а возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и задолжително да носат заштитен шлем или кацига.

Исто така, вчера (14.06) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп, реализираа превентивна активност во делот на безбедноста во сообраќајот при што на возачите на моторни возила им беше укажано на забраната за зборување на мобилен телефон при управување на моторно возило. Во рамките на активноста на возачите им беше поделен печатен едукативен материјал изработен од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Вчера (14.06), полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крушево присуствуваа на седница на седница на Локалниот совет за превенција, при што се разговараше за безбедноста на подрачјето на општина Крушево со почетокот на летната туристичка сезона.