14 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Битола


Вчера (13.06.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Македонски Брод при СВР Битола во селата Волче, Долни Манастирец и Црешнево реализираа превентивна активност во рамките на кампањата „Заштита на шумите од пожари“.
При активноста граѓаните беа информирани за законските норми по однос на бесправното сечење на шуми, штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, пред се во летниот период.

На жителите им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.

Исто така во Македонски Брод беше реализирана и превентивна активност во делот на сообраќајот под мото ,,Возачите и патниците секогаш мора да користат појас! Дури и на најкратките патувања, задолжително СТАВИ ПОЈАС!„ при што на граѓаните им беа поделени едукативни печатени материјали.