11 јуни 2023

„Заштита на шумите“ - превентивна активност на СВР Велес, ЈП „Национални шуми“ и Шумската полиција

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со - Подружница шумско стопанство „Бабуна“ Велес, заедно со Шумската полиција денеска (11.06.) на повеќе локации на подрачјето на СВР Велес спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата – „Заштита на шумите“, а во пресрет на претстојната летна сезона.

Полициските службеници и нивните колеги од шумската полиција во непосреден контакт и разговор со граѓаните во повеќе места во велешко укажуваа дека шумите се нашето богатство кое што сме должни да го чуваме и заштитиме, а секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици, па во таа смисла строгото почитување на законите претставува граѓанска обврска.

Во рамки на разговорите беше апелирано до граѓаните за потребата од внимателност и совесност, но и за потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од штетите и последиците од бесправното сечење на шумите. Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓани во насока на поголема одговорност и соработка со надлежните институции во откривањето и спречувањето на бесправната сеча на шуми.

На граѓаните им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.