Вчера (08.06.) во просториите на Полициската станица Кочани се реализираше средба на полициските службеници од оваа организациона единица при СВР Штип со претставници на спортски клубови од кочанско во разни спортски дисциплини, а на тема – „За спортот заедно“.
На средбата полициските службеници ги информираа спортските работници околу одредбите од Законот за спречување на насилството и недостојно однесување на спортски натпревари, а особено внимание беше посветено на начините на организирање и спроведување на натпреварите преку тесна соработка на полицијата и спортските клубови.
Целта на оваа средба, покрај информативниот карктер, беше преку соработка да се подигне свеста кај навивачите, пред се младите, во насока на спречување и превенирање од насилството и недоличното навивање пред, за време и по спортските натпревари, како и во насока на развивање на спортската култура.