09 јуни 2023

Превентивни активности на СВР Битола


Денеска (09.06) децата од детската градинка „Мајски цвет“ од Битола беа посетени од страна на полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Битола. Посетата беше во рамките на едукативните проекти „Мојот полицаец“ и „Безбедноста на децата во сообраќајот“ што го реализира полициската станица за безбедност на сообраќајот и Отсекот за превенција при СВР Битола а со цел запознавање на најмладите со задачите на полициската работа и стекнување основни знаења за правилата и прописите од областа на безбедноста во сообраќајот.
Покрај тоа, во рамки на едукативниот час, децата имаа можност да разгледаат дел од полициската опрема како и полициските возила што се користат во секојдневната работа на полициските службеници.
Инаку, и вчера (08.06.) полициски службеници од ПО Новаци во општина Новаци и околните села спроведоа превентивно-едукативни средби со жителите на кои што беа презентирани низа информации од областа на заштита и превенција од имотни деликти – тешки кражби, кражби, измами и слично. Низ средбите и разговорите посебно беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред сѐ преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а воедно беа делени и летоци со едукативна содржина.