Во рамки на превентивно-едукативните проекти „Полицаецот –мој пријател“ и „Безбедност на децата во сообраќајот“ денеска (08.06.) полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Битола заедно со Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола, во битолското основно училиште “Елпида Караманди“ за шеесетина првооделенци организираа едукативно предавање од областа на безбедноста во сообраќајот и за улогата и задачите на полицаецот сообраќаец.
Притоа на средбата со првачињата полициските службеници низ призмата на секојдневните обврски и задачи на еден полициски службеник, пособено внимание посветија на сообраќајната поука и запознавање на децата со базичните сообраќајни правила важни за нивната безбедност во сообраќајот. Покрај тоа, во рамки на едукативниот час, децата разгледаа дел од полициската опрема , како и полициските возила што се користат во секојдневната работа на полициските службеници. Инаку, во рамките на активноста беше вклучена и територијалната противпожарна единица Битола при што децата беа запознати со заедничките активности на пожарникарите и полицајците.