03 јуни 2023

Состанок на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на полициски академии (INTERPA)


На 30 и 31 мај 2023 година во Анкара, Република Турција се одржа 23. Состанок на Извршниот одбор на Меѓународната асоцијација на полициски академии (INTERPA).
На состанокот учествуваше делегација од МВР предводена од помошник на министерот на Центарот за обука Суза Трајковска. Имено, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е дел од шесте членови на Извршниот одбор на INTERPA и претставува клучна алка во донесувањето одлуки кои ги предлага Меѓународната асоцијација на полициски академии.
На 23. Состанок делегацијата на МВР даде поддршка за реализација на планираните настани, предвидени за периодот 2023-2026, потоа за предлог Програмата за планирани обуки со можност за наш придонес во областите на соработка, согласно придобивките што ќе ги имаат учесниците, како и поддршка за Програмата за размена на учесници во обуките предвидени за 2024 година.