Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Ресен, при СВР Битола, денеска (26.05.) во соработка со “Национални шуми“ подружница Ресен и Шумската полиција на повеќе локации во Ресен и неговата околина, реализираа превентивна активност од областа на превенцијата од бесправна сеча на шуми.
Притоа, граѓаните беа информирани како за законските норми што го третираат дрвокрадството, односно законските санкции по однос на бесправното сечење на шуми, така и за штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, пред се во летниот период.
На средбите полициските службеници укажуваа и на потребата и важноста од зачувување и негување на шумскиот фонд, како и превенцијата од пожари. Исто така, на граѓаните им беа делени едукативни печатени материјали со информативни содржини во врска со оваа проблематика, а изработени во соработка со “Национални шуми“.