Денеска (26.05.) ученици од прво и петто одделение од основното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш го посетија Одделението за внатрешни работи Радовиш. На средбата на која што беа присутни осумдесетина деца полициските службеници ги запознаа децата со основните работни обврски и улога на полициските службеници. Особено внимание се посвети на работата на сообраќајните полицајци од аспект на сообраќајната безбедност на децата-пешаци.
Исто така, во рамки на посетата, децата беа запознати и со основните факти за појавата на врсничко насилство и начините како да се превенира ваквата појава, а на децата им беа презентирани и дел од материјално-техничките средства за работа на полицијата.