Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се вклучи во кампањата за рано предупредување на исчезнување на деца, која во повеќе држави во светот, по повод 25 Мај-Меѓународниот ден на исчезнати деца, ја реализира и спроведува фондацијата Амбер Алерт Европа, преку објавување на сликовнница наречена „The Rumbling Adventure of Hare“или „Кркорливата авантура на зајакот“, дизајнирана да ги научи децата преку важни совети како истите да останат безбедни. Поводот за оваа кампања е бројката од 300,000 деца кои исчезнуваат годишно во Европа. За да се намали оваа бројка, важно е да се научат децата уште на мала возраст на вештини и знаење потребни за нивната безбедност.„Кркорливата авантура на зајакот“е сликовница наменета за деца на возраст од 3-7 години и е достапна на 20 јазици, а е споделена во 23 земји во светот. Во неа се содржани основните безбедносни совети препорачани од експертите:
-Никогаш не оди некаде сам. Побезбедно е да одиш заедно со некого.
-Не оди со непознати лица.
-Побарај помош од други лица ако се изгубиш.
-Научи како да ги забележуваш знаците ќе ти биде полесно да го најдеш патот за назад.
МВР преку соодветните организациони единици во Бирото за јавна безбедност ќе ја презентира оваа сликовница пред децата во градинките и основните училишта.
За повеќе информации за кампањата и за преземање на сликовницата, може да се користи страницата
https://www.amberalert.eu/the-rumbling-adventure-of-hare
каде истата е онлајн достапна како ПДФ Формат.