Во рамки на програмата на Еразмус проектот „Fully Avoid Bully“ вчера (22.05.) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба во основното општинско училиште “25 Мај“ реализираа превентивно едукативна работилница посветена на теми од областа на информатичкиот криминал и т.н. „сајбер булинг“.
На работилницата на која што покрај ученици од ова скопско училиште беа присутни гости-ученици од Италија, Шпанија, Турција и Романија, полициските службеници преку соодветно подготвено предавање врз основа на практични полициски искуства, ги запознаа учениците со основните факти што го дефинираат информатичкиот криминал, со посебен осврт кон појавата на “сајбер булинг“, често застапена меѓу помладата популација на социјалните мрежи. Исто така, на работилницата се говореше за начините за справување со овие појави, како и за неопходноста од благовремено превенирање во насока на елеминирање на можните несакани последици.