22 мај 2023

Превентивна активност на ОВР Крива Паланка

Денеска (22.05.) полициски службеници од ОВР Крива Паланка во соработка со претставници од Шумската полиција и „Национални шуми“ - Крива Паланка реализираше кампања насловена „Незаконското сечење на дрва е криминал“.

Во рамки на кампањата беа посетени селата Жидилово, Узем, Костур и Дурачка река, каде што со жителите од овие села се разговараше околу проблематиката на нелегалната сеча на дрва особено во летниот период, кога се зголемени и опасностите од шумски пожари. Воедно, на граѓаните им беа поделени и печатени информативни материјали со едукативна содржина, а со цел подигнување на свеста кај мештаните и зголемување на комуникацијата и соработката со полицијата и другите надлежни органи во сузбивање на овој вид на криминал.