Полициски службеници од полициската станица за безбедност на сообраќајот Битола при СВР Битола, во соработка со Здружението за развој на ромската заедница- “Сумнал“ од Битола, денеска (22.05.) спроведоа едукативна работилница со децата од осмо и деветто одделение од основното училиште “Даме Груев“ од Битола на темата – “да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
При тоа на децата, преку наменски подготвена едукација им беше објаснета улога на сообраќајниот полицаец, како и основните знаења од областа на сообраќајот и сообраќајните правила и прописи . Исто така, на децата им беше објаснето дека и тие како активни учесници во сообраќајот како пешаци, велосипедисти... треба доследно да ги почитуваат сообраќајните правила пред се заради нивната безбедност. Покрај ова, на учениците им беше поделен и едукативен печатен материјал изработен со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.