Денеска (19.05.2023) во централно градско подрачје на Куманово полициски службеници од Отсек за превенција при СВР Куманово спроведоа активности со цел граѓаните да бидат информирани дека согласно одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружје, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, за овластување на носење оружје и за потврди од Д-категорија во кои е регистрирано оружјето за светлосно звучна сигнализација и оружјето со тетива, истекува на 04.06.2023 година.
Во непосредните разговори, на граѓаните им беше укажано дека доколку поседуваат оружје со стари дозволи тогаш тие се должни да поднесат барање за замена на истите до Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи во рамките на Министерството за внатрешни работи, според живеалиштето на граѓаните, односно седиштето на правните лица секој работен ден.
На граѓаните им беа поделени брошури со сите потребни информации и им беше напоменато дека непочитувањето на законски предвидениот рок ќе значи санкционирање на сопствениците на оружјето.